Општина Битола на ФК Пелистер интервентно ќе му префрли 30.000 евра за да биде одблокирана жиро-сметката и да се надминат проблемите со забраната за трансфери.
Советот на Општина Битола денеска донесе одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност на Договорот за доделување на финансиски средства на ФК Пелистер.
Како што информираа од општината, со оваа одлука Пелистер ќе добие 2 милиони денари, или околу 30.000 евра, исплата на претходно утврдената квартална распределба на финансиските средства, како би се надминале проблемите со кои се соочува клубот.
Во моментот, тренерот Димитар Капинковски има на располагање петнаесетина фудбалери, најголем дел млади и желни за докажување. Но, за успешен настап во Првата лига на тимот му се потребни и нови засилувања, со оглед дека голем дел од кадарот од минатата сезона веќе замина од „Тумбе кафе“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













