Connect with us

Нови „бомби“ од Флорентино Перез: Гути е шупак, а Фиго е куче

Шпанскиот „Ел Конфиденшал“ продолжува со објавување на аудио снимки од Флорентино Перез на кои тој ги навредува легендите на клубот. Во најновите, на тапет се Гути и Фиго.


„Шокиран сум од тоа колку Калдерон го изневери Гути затоа што одигра два добри натпревари. Тој очигледно мисли дека мора да му верува во сè, во спротивно ќе го загубиме”, вели Перез.


Перез се врати во Реал Мадрид во 2009 година, а Гути го напушти клубот веднаш следната сезона без проштален натпревар или каков било вид на емотивно збогување од клубот за кој одигра над 500 натпревари, а на некои од нив ја носеше и капитенската лента.

Во октомври 2012 година, снимено е ново интервју во кое Перез го критикува Гути. Овојпат не му се допадна Гути да потпише договор со „Кадена Сер“ како стручен коментатор.

„Гути е шупак. Тој е како коза, тој е неговиот најголем непријател. Кадена Сер ангажираше морон. Нема да работи, тој е морон, не е способен за тоа”, рече Перез во еден од разговорите.


Подоцна во 2016 година, тој го врати Гути во клубот и му ја даде функцијата тренер во пониските категории, но по само две години, Гути повторно го напушти клубот затоа што заклучи дека никогаш нема да може да дојде до подобра позиција.

Објавени се снимки кои докажуваат што зборувал Флорентино Перез и за Луис Фиго. Документарецот на ЕСПН, „Лос Галактикос“ открива дека Фиго никогаш не сакал да потпише за Реал Мадрид и дека плачел кога седнал во авион за Мадрид.


Португалецот беше убеден дека Лоренцо Санц ќе биде реизбран за претседател на клубот и дека преддоговорот што го потпиша со Перез има тежина само во смисла дека тоа му дава подобра позиција да преговара за нов договор со Барселона. Сепак, Перез беше мудар, па во договорот вклучи клаузула според која Фиго, доколку не потпишеше за Реал, ќе требаше лично да му плати 35 милиони евра. Фиго потпиша, но неговиот однос со Перез, се разбира, никогаш не беше нормален.


Откако го продаде на Интер во 2006 година, Перез исто така го обвини Фиго за крајот на ерата на „галактикосите“.

„Фиго е тој што го заеба тимот. Најдобар беше Зидан, без сомнение. Фиго беше куче, исто како и Раул. Двајцата беа најлоши за тимот”, се зборовите на Перез на снимката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови