Легендарниот англиски репрезентативец Гери Линекер, кој со своите коментари и анализи, даде посебен печат на Европското првенство, на крајот им оддаде соодветна почит на новите шампиони. Тој смета дека Италија на Роберто Манчини заслужено го освои трофејот, а имаше совет и за своите Англичани.
„Ова е не е крај за оваа млада Англија, туку само почеток. Честитки за „аѕурите“, вие го заслуживте пехарот тоа. За да оди напред, Англија мора да најде начин да има поофанзивен менталитет. Повеќе храброст во посед на топка и градење на нападот со многу повеќе фудбалери напред.Ние имаме толку многу талент во нападот за сите да се исплашат, но се чини дека ние се плашиме да го покажеме тоа“, истакна Линекер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













