Силекс по елиминацијата од Лигата на шампионуте ги продолжува настапите во Лигата на Европа, а противник на кратовци е косовскиот тим Дрита. Мечот е закажан за утревечер, со почеток во 20 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„Дрита е тим со кој можеме да се надигруваме. Очекувам неизвесен натпревар кој би можел да трае повеќе од 90 минути. Фудбалерите на Силекс треба да го дадат максимумот, а кој ќе заслужи на теренот – нека оди во следната рунда“, изјави Симов.
Капитенот Ангелче Тимовски смета дека шансите за пласман понатаму се подеднакви и за двете екипи.
„Очекувам да одиграме добар натпревар. Можеби сме благи фаворити меѓутоа мислам дека шансите се подеднакви за двете екипи. Се надевам дека ќе ги исполниме задачите на тренерот Симов и дека ќе обезбедиме пласман понатаму“, изјави Тимовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













