Францускиот гигант Пари Сен Жермен тргна во големо реновирање на составот. Откако минатата сезона ја загуби титулата во Франција, тренерот Маурисио Покетино доби одврзани раце да состави тим според негов вкус.
По Ашраф Хакими и Џанлуиџи Донарума, уште една ѕвезда од Серија А во следната сезона треба да го носи дресот на Пари Сен Жермен. Според италијанските медиуми, „светците“ ги договориле личните услови со Тео Хернандез, левиот бек на Милан.
Се развира, сега останува да се договорат и клубовите. Милан се обидува да го задржи еден од најдобрите играчи во тимот, но прашање е дали ќе успее и дали поранешниот играч на Реал Мадрид сака да остане на „Сан Сиро“, со оглед дека сигурно добил понуда што не се одбива од финансиска гледна точка.
ПСЖ за следната сезона ќе ги има Серхио Рамос од Реал Мадрид и Џорџинио Вајналдум од Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













