Францускиот интернационалец Жул Кунде нема никакви дилеми дека ќе го одбере Реал Мадрид како своја следна дестинација доколку „кралевите“ и официјално испратат понуда до Севилја за негов ангажман. За одличниот дефанзивец се интересираат и Манчестер Јунајтед и Јувентус, но Жул Кунде јасно ставил до знаење на своите агенти дека Реал Мадрид е приоритетна опција за продолжување на кариерата.
Шпанските медиуми најавуваат дека Флорентино Перез оваа седмица ќе испрати понуда вредна 50 милиони евра за ангажман на одличниот стопер на Севилја. Тоа треба да биде доволно за раководството на клубот од Андалузија да влезе во завршни преговори за продажба на фудбалерот. Минатата година Севилја бараше 65 милиони евра од Манчестер Јунајтед за негов трансфер.
Жул Кунде има актуелен договор со Севилја до 30 јуни 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













