Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е голема желба на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. Тој ќе се обиде да го доведе во Торино и подготвен е на „лацијалите“ да им го понуди Бразилецот Артур Мело.
Раководството на „бјанконерите“ наводно веќе контактирале со Лацио и им ја презентирале идејата според која би го испратиле Артур Мело, а српскиот играч за врска би дошол во спротивна насока. Секако, Јувентус би доплатил одредена сума за фудбалерот на Лацио.
Артур не ги исполни очекувањата во Јувентус. Покрај тоа, тој не се вклопува во плановите на Масимилијано Алегри, додека, од друга страна, новиот тренер на Лацио, Маурицио Сари, има симпатии кон Бразилецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













