Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, упати остри критики кон ПСЖ за „киднапирањето“ на трансферот на Вирџинио Вијналдум и рече дека мора да се стори нешто во врска со „државните клубови“ во фудбалот.
Вајналдум ги договори личните услови за слободен летен трансфер на „Камп Ноу“ и недостигаше само официјална потврда за преселбата. Сепак, ПСЖ достави значително подобра финансиска понуда за Вајналдум и Холанѓанецот реши да се приклучи на францускиот гигант.
Ова предизвика бес во Барселона, а Лапорта истакна дека УЕФА не смее да дозволи клубови зад кои стојат државни пари.
„Постојат државни клубови кои можат да го имаат било кој играч. Тоа е прашање што ќе треба да се анализира“, изјави Хоан Лапорта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













