Connect with us

Мората бара оправдување: Топката дојде до мене со неверојатна брзина

Алваро Мората смета дека е неправедно критикуван откако Шпанија ремизираше (1-1) против Полска, а тој не успеа да погоди празен гол откако топката се одби до него по нереализираниот пенал на Жерар Морено.
Ова беше второ реми на Шпанија на ЕВРО, откако на првиот натпревар против Шведска одиграа без погодок.

“Топката што ми дојде минуваше со неверојатна брзина, беше многу тешко да се контролира. Можеби бев премногу блиску до голот, можеби требаше да направам нешто друго. Ако слушаме што зборуваат луѓето, тоа нема да ни помогне. Сите тие само чекаат шанса да не повредат. Обично постои чувство на единство кога големите нации ќе дојдат на вакви натпревари, во во Шпанија тоа не го чувствуваме. Знам дека ние сме наследници на една генерација генијалци, но мора да веруваме во себе, а луѓето мора да сфатат дека на селекцијата и е потребна поддршка“, изјави Мората.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови