Германија го загуби првиот дуел против Франција со 1-0, но селекцијата на Јоаким Лев успеа да се врати психолошки и да слави против Португалија со 4-2 во второто коло од групната фаза на Европското првенство. Сега Германците се второпласирани во групата и ги очекува дуел со Унгарија во последното коло.
На „Алијалц арена“ во Минхен, Кристијано Роналдо во 15.минута донесе водство за Португалците, но репрезентацијата на Германија направи пресврт до крајот на првиот дел, и тоа со два автогола. Рубен Дијас си постигна автогол во 35.минута, а потоа и Рафаел Гереиро погоди, но не во вистинската мрежа.
Каи Хаверц и Робин Госенс со два гола на почетокот на вториот дел ги уништија надежите на Португалија за добар резултат, а конечниот епилог го постави Диого Жота во 67.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













