Тренерот на Вардар, Александар Васоски, реагираше повторно за судењето во Првата фудбалска лига на Македонија. Тој вели дека полошо судење немало во историјата на МФЛ.
„Го повикувам господинот Емил Божиновски со време да го спречи овој циркус. Полошо судење немало во Првата лига во целото постоење, ниту пак ќе има во иднина. Има две работи од кои едната мора да е вистинита: или судиите немаат поим од судење или се корумпирани. Што поскоро е потребен ВАР и дебатни емисии со судиски експерти, со име и презиме да се посочат виновниците, а дотогаш ќе бидеме сведоци на вакви лакрдии“, напиша Александар Васоски на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













