Горан Пандев го постигна историскиот прв гол за Македонија и на европските првенства. За жал, мечот со Австрија ќе го паметиме по пораз од 3-1.
Капитенот вели дека шансите за втората фаза и покрај поразот не се загубени.
„Ова е прв натпревар на Европското првенство, големо искуство за нас. За жал, доживеавме пораз, но ништо не е завршено. Одигравме одлични 70 минути, а потоа Австрија која физички посилна од нас, преку неколку освежувања од клупата стигна до победа. Шансите не се загубени, треба сега прво добро да се одмориме, а потоа треба да се подготвиме за вториот меч против Украина. Жал ми е за поразот поради навивачите кои дојдоа да не бодрат и за тоа им благодарам од срце“, изјави Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski