Кристијан Ериксен колабираше во 43. минута од натпреварот помеѓу Данска и Финска во Копенхаген, на првиот натпревар од групата Б на Европското првенство. Данскиот репрезентативец одеднаш падна на теренот во бесознание и следеа драматични сцени. Најприсебен од сите фудбалери на теренот беше Симон Кјаер кој притрча на помош.
Кјаер и Ериксен се одлични пријатели. Тој му помогна во првите моменти да не го голтне јазикот, а потоа ја тешеше и неговата партнерка. На крајот, по продолжувањето на натпреварот, мораше да го напушти теренот
„Кјаер беше премногу потресен за да може да игра и мораше да го напушти теренот. Сè што се случи го допре длабоко и ги потресе и него и Кристијан. Не бевме сигурни дали Кјаер воопшто може да ја продолжи играта. Тој се обиде, но не можеше. Да играм во таква ситуација, не знам што би направил. Играчите го сторија тоа и неверојатно сум горд на нив. Сега тие се емоционално исцрпени“, изјави данскиот селектор Каспер Хумланд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













