
Работнички го сопре победничкиот чекор на Шкендија, одигра квалитетен меч во Тетово, а Ратко Достаниќ најде начин како да ја неутрализира играта на лидерот. Тој во изборот на МАКФУДБАЛ е најдобар тренер на 10.коло во Првата фудбалска лига.
„Одигравме добар меч, посебно во второто полувреме во Тетово. Во првиот дел имаше и одредени грешки, дозволивме Шкендија брзо да поведе, можеа дури и да го заокружат мечот. Но, се вративме многу подобри во второто полувреме, во одредени сегменти од натпреварот бевме и подобар ривал, постигнавме гол за израмнување, а можеби и офсајд позицијата при вториот гол не постоеше. Но, задоволен сум, пред се од изданието, а секако и од освоениот бод. Малку екипи можат да освојат бод против Шкендија на гости, сега треба да се потрудиме да ја одржиме константноста и да се претставиме во исто, дури и можеби и подобро издание на следниот меч против Шкупи“, вели шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ, за официјалниот сајт на клубот.
По десет одиграни кола, Работнички се наоѓа на седмата позиција на табелата во Првата фудбалска лига со 12 освоени бода, а во следното коло на домашен терен го пречекува составот на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
