Фудбалската репрезентација на Англија има големо очекувања на претстојното Европско првенство. Капитенот Хари Кејн смета дека оваа селекција на Герет Саутгејт е поквалитетна од онаа пред три години која играше на Светското првенство.
Гордиот Албион има девет учества на Европско првенство, но никогаш нема и настап во финалето.
„Веројатно сме во подобра ситуација отколку пред три години. Можеби тогаш не бевме сигурни како функционираме како тим, но игравме навистина добро и заглавивме во тоа полуфинале. Ми се чини дека сега имаме многу повеќе искуство, играчите зад себе имаат многу големи натпревари и за клубот и за репрезентацијата”, вели Хари Кејн.
Тој смета дека Англија мора да го направи и решавачкиот чекор.
„Чувствувам дека сме во добар момент. Знаеме дека има уште многу работа пред нас, не можеме само да дојдеме и да кажеме дека ќе го освоиме турнирот, бидејќи не сме победиле на големо натпреварување многу долго време. Едноставно мораме да го направиме и тој завршен решавачки чекор“, потенцира напаѓачот на Англија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













