Светскиот првак Франција е можеби главниот кандидат за титулата во пресрет на Европското првенство, со оглед дека тимот е засилен и со Карим Бензема. Селекторот Дидие Дешамп по цели шест години одлучи да го врати Бензема во селекцијата на „триколорите“ што секако носи дополнителен квалитет за францускиот состав. Иако се здоби со мала повреда на коленото на последниот тест против Бугарија, се очекува Бензема да биде голем адут на Дешамп во битката за трофејот на ЕВРО.
Тиери Анри ќе биде асистент во стручниот штаб на белгиската репрезентација, ќе му помага на Роберто Мартинез, но за француските медиуми вели дека едвај го чека одговорот на Бензема по враќањето во националниот тим.
„Љубопитен сум. Искрено, едвај чекам да видам каков ќе биде одговорот на Бензема. Долго време го чекаше повикот на Дешамп и сега ми делува многу мотивиран. Франција, без сомнение, е меѓу главните фаворити за титулата. Се разбира, тука е и Белгија“, изјави Тиери Анри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













