
Милан изрази интерес за дури петмина фудбалери на Реал Мадрид, пишува „Кориере дело спорт“. Анчелоти планира ремонт во Реал, па наводно ќе се ослободи од многу играчи, а „росонерите“ на ова гледаат шанса да го засилат својот тим.
Охрабрен од примерот на Тео Хернандез, кој беше донесен од Мадрид во 2019 година за 20 милиони евра и кој оттогаш стана еден од клучните играчи на Милан, Паоло Малдини ќе се сретне со претставниците на „кралскиот клуб“ и ќе предложи продолжување на позајмицата на Брахим Дијаз. На „Сан Сиро“ тие се задоволни од неговите игри од минатата сезона.
Покрај него, Малдини се распрашува за уште четворица играчи на Реал кои паднаа во втор план. Станува збор за Лука Јовиќ, Дани Себалjос, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз.
Милан следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а Паоло Малдини сака да го го засили тимот за враќањето во европската елита.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
