Младата македонска ѕвезда Елиф Елмас е меѓу петте млади фудбалери кои се очекува да блеснат на Европското првенство, предвидува шпанскиот „АС“. Офанзивниот играч за врска на Наполи игра во одлична форма во националниот тим и еден од главните адути на селекторот Игор Ангеловски пред големото европско натпреварување.
„Македонија го живее фудбалскиот сон. Пласманот на Европското првенство е историски успех за оваа земја, а голем придонес имаше 21-годишниот Елиф Елмас кој прераснува во врвен фудбалер. Дојде во Наполи за 16 милиони евра и апсолутно ги оправда вложените средства. Тој е креативен плејмејкер, игра исклучително лесно и сигурно со топката, а знае да постигнува и голови. Заедно со капитенот Горан Пандев сочинува тандем кој ова лето ќе испишува историја за македонскиот фудбал“, објаснува „АС“.
Покрај Елмас, влијателниот шпански медиум очекува на Европското првенство да блеснат уште и Фил Фоден од Англија, Нуно Мендеш од Португалија, Дани Олмо од Шпанија и Рајан Гравенберх од Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













