
Главната цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок е ангажманот на англискиот репрезентативец Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Медиумите на Островот тврдат дека преговорите се во завршна фаза.
Раководството на „црвените ѓаволи“ повторно оствари контакти за потпишување на договор со Џејдон Санчо, директни разговори со агентот на играчот и ги договори неговите лични услови. Потенцијалниот договор би имал важност до 2026 година, а Санчо би бил еден од најплатените фудбалери во Премиер – лигата.
Борусија Дортмунд има договор со Санчо да го пушти да си замине ова лето, но само во случај да пристигне вистинската понуда. Отштетата изнесува околу 90 милиони евра.
Ливерпул исто така е заинтересиран за Џејдон Санчо, но досега нема отпочнат преговори ниту со фудбалерот, ниту со Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот

Евро-фудбал
Алегри: Не смееме да примаме толку лесни голови
