Шпанскиот репрезентативец Саул Нигез доаѓа на „Алијанц арена“. Според најавите од шпанските медиуими, фудбалерот на Атлетико Мадрид ќе биде новото големо засилување за баварскиот клуб. Шпанецот ќе се пресели во првакот на Бундес – лигата за сума од 80 милиони евра.
Саул Нигез беше споменуван и како можно засилување за Манчестер Јунајтед, но очигледно Баерн беше побрз.
Диего Симеоне веќе има план да го доведе Родриго Де Пол од Удинезе како освежување во средниот ред и подготвен е да плати 40 милиони евра, половина од сумата која ќе ја добие Атлетико Мадрид од продажбата на Саул.
„Чоло“ планира да ги продаде Трипие и Вршаљко и да го донесе Белерин од Арсенал. Во нападот се споменува Бернардо Силва како опција доколку Манчестер Сити успее да ги купи Хари Кејн или Џек Грилиш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













