Connect with us

Младите сили на генерална проверка против Словенија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (16 часот) во Кршко ќе одигра пријателски натпревар против Словенија. Тоа ќе биде и последен тест за надежите пред квалификациите за ЕП што стартуваат во септември.


Фудбалерот од средниот ред Томче Гроздановски вели дека Словенија е квалитетна репрезентација и очекува квалитетен тест.

„Секогаш е посебно чувството кога играш за својата земја. Ми претставува огромно задоволство што сум дел од овој тим предводен од селекторот Благоја Милевски. Имаме одлична група на млади фудбалери што знаат колку вреди да се носи дресот со државен грб. Ги слушаме советите од селекторот, подготвени сме да дадеме се од себе за да ги исполниме неговите желби. Не очекува тежок натпревар, против репрезентација која има квалитет и располага со доста добри млади играчи. Ова за нас претставува последен тест пред претстојните квалификации“, изјави Томче Гроздановски.

Напаѓачот на Македонија ЃП, Арби Воша верува во квалитетот на нашата репрезентација и очекува победа.

„Се подготвуваме одлично за претсојниот предизвик во Словенија. Функционираме како една група, подготвени сме да дадеме се од себе на секој натпревар што го играме, а така ќе биде и утре. Ги знаеме квалитетите на Словенија, земја која треба да се респектира, но ние утре идеме на победа. Очекувам добар натпревар, и се надевам дека ќе се покажеме во одлично светло”, вели Арби Воша.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови