Македонскиот првак Шкендија ги засилува редовите пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Кога е дефанзивата во прашање, Сабит Билали од Шкупи веќе потпиша договор со актуелниот шампион, а пред договор е и Ангелчо Тимовски, досегашниот капитен на Силекс. Кратовци испаднаа од елитата по поразот од Тиквеш во баражот, па Тимовски има понуда да ја продолжи кариерата во Шкендија.
Во средниот ред, Шкендија планира засилување од Косово. Се работи за Арбнор Рамадани, играчот за врска на Лапи, кој е профил на играч како Енур Тотре. Тој беше „замрзнат“ од раководството и од тренерот Ернест Ѓока откако одлучи да не потпише нов договор со Шкендија и во летниот преоден рок ќе замине како слободен агент.
Во нападот, Шкендија има контакти со Мартин Мирчевски, крилниот играч на Вардар, кој исто така ќе замине од клубот откако најтрофејниот колектив испадна од елитата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski