Лидерот Шкендија е пред голем предизвик, денеска (13 часот) во Тетово гостува тимот на Шкупи кој е можеби и најголемиот ривал на тетовскиот тим во трката за шампионската титула. Репрезентативците Бејтулаи, Тотре и Дориев се вратија во составот на Ернест Ѓока, а Бесарт Ибраими, Арменд Алими и останатите имаа две седмици добро да се подготват за новото искушение.
Шкендија е единствениот непоразен тим во Првата лига и има намера тоа да го задржи и по денешната дерби-пресметка со Шкупи. Нема големи проблеми со составот освен отсуството на дефанзивецот Јан Кривак кој мора да ја одработи суспензијата поради пет жолти картони.
Тетовци порачуваат дека мотивот да се победи Шкупи е огромен, со тоа тимот ќе се одлепи уште повеќе бодовно на врвот на табелата.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













