Има само 16 години и блесна во полн сјај на дебито за Шкендија. Постигна гол на дербито против Шкупи и е избран за МАКФУДБАЛ-ИГРАЧ на 12.коло во Првата фудбалска лига. Момчето кое важи за мегаталент веднаш покажа дел од својот потенцијал. Дашмир Елези вели дека му се остварил сонот – да постиге гол на дебито за Шкендија.
„Ова е остварување на сонот, чувство што не можам да го опишам. Конечно дебитирав за првиот тим на Шкендија и на дебито имав среќа да дадам гол. Не можев да го дочекам денот кога ќе дебитирам, без да размислувам за некакви рекорди. Шкендија ми е во срцето и отсекогаш сонував да заиграм за првиот тим на овој клуб.Играв на пријателски мечеви, но настап на официјален меч е нешто прекрасно, остварување на сонот. На крајот испадна и да сум најмладиот дебитант што постигнал гол во Првата лига. Се чувствувам навистина прекрасно“, вели Елези за клупскиот сајт на Шкендија.
Бесарт Ибраими сега има вистински наследник, а Дашмир Елези сигурно има што да научи од најдобриот стрелец во историјата на македонскиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













