Англискиот премиерлигаш Ливерпул се измачи со проблемите во одбраната оваа сезона, па затоа менаџерот Јирген Клоп сака навреме да се осигура за следната. Прво засилување за „црвените“ во летниот преоден рок ќе биде младиот француски интернационалец Ибрахима Конате. Тој ќе пристигне на „Енфилд Роуд“ по отворањето на летниот трансфер – прозорец, а ќе потпише договор до 2026 година.
Конате има 21 година и зад себе има одлична сезона во дресот на Лајпциг. Тој треба да биде долгорочно решение за стоперската позиција и да игра во тандем со Вирџил ван Дајк кој се очекува да биде подготвен до стартот на новата сезона во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













