Тренерот на Аугсбург, Маркус Вајнцирл, вели дека неговиот тим ќе направи сè за да го оневозможи Роберт Левандовски да го урне рекордот на Герд Милер по бројот на постигнати голови во една сезона во Бундес – лигата. Тој досега постигна 40 гола и го израмни рекордот на легендарниот Герд Милер.
„Го респектираме Баерн Минхен, знаеме дека не опекува тешка мисија, а мора да сториме сè што можеме за да го спречиме Роберт Левандовски да не го урне рекордот на Герд Милер. Тој ми е идол, ми беше и тренер во аматерскиот клуб на Баерн во минатото“, изјави Вајнцирл.
Роберт Левандовски се соочи со страшен притисок од јавноста во Германија да не го урива рекордот на Герд Милер. Многумина од него побараа дури и да не игра на денешниот натпревар.
Последното коло во Бундес – лигата е закажано за 15.30 часот, а Баерн Минхен ќе го пречека Аугсбург на „Алијанц арена“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













