Македонската репрезентација до 21 година на 3. јуни во словенечки Терме Чатеш ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Словенија. Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери повикани.
„Овој собир ќе биде поделен во два дела. Од 26. до 29. мај дел од повиканите фудбалери ќе бидат вклучени во селективната фаза од подготовките, а главниот дел ќе го одработиме до контролниот натпревар против Словенија на 3. јуни во Терме Чатеш. Се одлучивме на овој чекор од причина што дел од фудбалерите кои беа со репрезентацијата на собирот и тест мечевите во Турција не покажаа доволен квалитет, посебно во одбраната и затоа сме принудени да бараме поинакви решенија. Според планираното во Словенија ќе патуваат најмногу 24 фудбалери. Во оваа репрезентација веќе ги имаме фудбалерите (16 до 18 фудбалери) кои го прават костурот на селекцијата, а јас се надевам дека после овој собир ќе ја имаме целината која ќе не води низ следниот квалификациски циклус. Ова е последниот филтер и верувам дека сите сериозно ќе ја разберат својата задача“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Селекторот Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: ДАВИД ДЕНКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА ШТИП), ДАМЈАН СЕРАФИМОВ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР АНЃЕЛКОВСКИ (РЕНОВА), ИВАН НИКОЛОСКИ (ВЕЛАЗЕРИМИ 77);
ОДБРАНА: ФИЛИП АЛЕКСОВСКИ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР ЃУРКОВСКИ (ВАРДАР), ГЕОРГЕ ЈАНКУЛОВ (ЖЕЛЕЗНИЧАР ПАНЧЕВО), ФИЛИП АНТОВСКИ (СЛАВИЈА СОФИЈА), МАРИО МЛАДЕНОВСКИ (БОТЕВ ПЛОВДИВ), МЕТЈУ БОЖИНОВСКИ (МЕЛБУРН ВИКТОРИ), МАРКО СТОЈЧЕСКИ (ТЕЛЕОПТИК), БОЖИДАР МИТРЕВСКИ (ТЕТЕКС), БЕСИР ИСЕНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ), АРДИАН БЕЌИРИ (ДРИТА), АНАТОЛИЈ ПЕТЕЈЧУК (ВАРДАР);
СРЕДЕН РЕД: АГОН ЕЛЕЗИ (ВАРАЖДИН), БОЈАН ДИМОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), БЕСНИК ФЕРАТИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), ЕНИС ФАЗЛАГИЌ (ЖИЛИНА), ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА), ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ), ТОМЧЕ ГРОЗДАНОВСКИ (ЗЛАТЕ МОРАВЧЕ), ЛУКА ЗДРАВКОВСКИ (КОМ), ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС);
НАПАД: МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (ВОЖДОВАЦ), МАРИО ИЛИЕВСКИ (СЕПТЕМВРИ СОФИЈА), МЕТОДИ МАКСИМОВ (РАБОТНИЧКИ), АРБИ ВОША (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), ЈАКУП БЕРИША (ШКУПИ), АМЕЛ РУСТЕМОСКИ (ГРАСХОПЕР), ЛУКА ТРАЈКОСКИ (БОРЕЦ );
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski