Реал Мадрид планира да се збогува со еден од дефанзивците кои повеќе од една деценија се во клубот. Серхио Рамос или Рафаел Варан, еден дефинитивно ќе мора да замине по завршувањето на сезоната. Многу поверојатно е заминувањето на Рамос бидејќи капитенот на „кралевите” сè уште не ставил потпис на нов договор, а тековниот истекува овој месец.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека Реал не би имал ништо против да го заржи својот капитен и да го продаде Французинот за да собере средства за трансфер на Мбапе. На тој начин, „белите” би профитирале од продажбата на 28-годишниот дефанзивец, отколку да го изгубат како слободен агент следното лето.
Начо и Милитао сигурно ќе останат во клубот за идната сезона 2021/22, додека засега е обезбедено доаѓањето на Давид Алаба на “Сантијаго Бернабеу”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













