
По девет последовни титули, Јувентус оваа сезона остана без „скудето“, а би можел да остане и без пласман во Лигата на шампионите. Во моментот „старата дама“ е на петтото место на табелата, со еден бод негатива во однос на четвртопласираниот Јувентус.
Сето ова донесе и многу нервоза во раководството на клубот од Торино. На виделина сега излегува се, генерално лошата трансфер политика и изборот на засилувања, за што секако најмногу се обвинуваат Павел Недвед и Фабио Паратичи, двајцата директори на клубот.
Спортскиот директор Фабио Паратичи наводно сакал Јувентус да го смени Андреа Пирло, што доведе до кавга со Недвед. Жестоката кавга се случила на еден од паркинзите во Торино. Паратичи наводно предложил смена на Пирло и заземал став Игор Тудор привремено да го води тимот до крајот на сезоната.
Сепак, Недвед имал мислење дека Пирло треба да биде поддржан и дека треба да се почека за нови одлуки до крајот на оваа бурна сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
