
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, можеби го одигра својот последен натпревар за клубот откако беше објавено дека заработил повреда на тетивата.
Договорот на Рамос истекува на крајот на јуни, а дотогаш остануваат само уште четири натпревари во Ла Лига оваа сезона, вклучувајќи го и денешниот против Севилја. 35-годишниот фудбалер се мачи со безброј повреди оваа сезона, а тоа го ограничи на 15 стартови во лигата и само пет настапи во сите натпреварувања во 2021 година.
Последните неколку недели, нема воопшто никакви вести околу средба за продолжување на договорот на Рамос со Реал, а многу е веројатно Шпанецот да си замине од гладниот град, по 16 години на “Сантијаго Бернабеу”. Сега навивачите забележаа интересна случка на социјалните мрежи, која може да послужи како наговестување за иднината на дефанзивецот.
Наводно, откако Рамос коментираше на сликата на Нејмар на Инстаграм за новиот договорот на бразилскиот ас, тој веднаш заследи добар дел од фудбалерите на ПСЖ, како и таткото и агент на Нејмар.



-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal