Манчестер Јунајтед и Вилјареал ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа во финалната пресметка во Гдањск. Тие ја задржаа предноста по првите натпревари и обезбедија пласман во големото финале. Рома обезбеди пирова победа (3-2) против Манчестер Јунајтед на „Олимпико“, а Вилјареал издржа на „Емирати“ ремизирајќи без голови, што беше доволно за да оствари историски пласман и прво европско финале.
Манчестер Јунајтед имаше убедлива предност (2-6) од првиот меч на „Олд Трафорд“, па требаше да се случи за тимот на Оле Гунар Солскјер да не се пласира во финалето. Единсон Кавани во 39.минута создаде дополнителен комфор, но во вториот дел Рома покажа дека не е така безопасна. Един Џеко во 57.минута и Брајан Кристанте во 60.минута се погрижија за пресврт, но Кавани и вторпат погоди во 68.минута. Во финишот, младиот Николо Залевски сепак донесе победа за Рома, а Јунајтед се пласира во финалето.
Арсенал имаше негатива од 1-2 по првиот меч и му беше потребен минимален триумф за пласман во големото финале. Пјер – Емерик Обамејанг го погоди дирекот, се закани и Роб Холдинг, но „топчиите“ не успеаја да ја затресат мрежата на Вилјареал и да ја остварат целта. Обамејанг немаше среќа и уште еднаш само ја погоди рамката од противничкиот гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













