Италијанскиот фудбалски стратег Маурицио Сари би можел да се врати во Лондон, каде во минатото беше на кормилото на Челси. Сега во трка за него се Арсенал и Тотенхем.
Италијанските медиуми наведуваат дека Тотенхем прв стапил во контакт со Сари веднаш по отпуштањето на Жозе Мурињо во април, а во преговори со искусниот тренер сега е вклучен и Арсенал по најавите за можно заминување на Микел Артета од клупата на крајот од сезоната.
Сари во јуни 2019 година потпиша тригодишен договор со Јувентус, но иако го освои италијанското првенство доби отказ поради елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Сари одби спогодбен раскин на соработката со Јувентус и е под договор до лето 2022 година за 6 милиони евра годишна плата, но може предвреме да добие одврзани раце да преземе нов клуб доколку „старата дама“ му исплати отштета од 2,5 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













