Шпанскиот играч за врска Хави Мартинез го напушта актуелниот германски првак Баерн Минхен на крајот од сезоната, откако двете страни не најдоа заеднички јазик за продолжување на договорот. Мартинез дојде во Баерн Минхен во 2012 година од редовите на Атлетик Билбао за 40 милиони евра, што тогаш беше рекордна отштета што ја исплатил баварскиот клуб.
За девет сезони во дресот на Баерн, 32-годишниот Мартинез одигра 266 натпревари и постигна 14 голови. Со германскиот клуб освои вкупно 23 трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампиони.
Покрај Мартинез, германскиот клуб ова лето треба да го напуштат и дефанзивците Давид Алаба и Џером Боатенг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













