“Востанието” на Флорентино Перез наречено Суперлига беше задушено уште на самиот старт. Минатиот месец, претседателот на ЕСЛ, кој исто така, стои на чело на Реал Мадрид, образложи дека главната причина за формирањето на ова утописко натпреварување е финансиката криза во која западнаа големите европски клубови како резултат на пандемијата на КОВИД-19.
„Овде во Мадрид, изгубивме многу пари, па бараме начин да ги вратиме. Реал Мадрид загуби 400 милиони евра”, изјави 74-годишниот Шпанец. Еден месец после ова соопштение, добиваме демант од никој друг, освен контроверзниот агент, Мино Раиола. “Реал Мадрид е заинтересиран за Халанд и може да си го дозволи”, откри тој. “Иако и други клубови се заинтересирани за норвешкиот напаѓач, Реал има пари да го купи”.
Во повеќе наврати досега, Борусија Дортмунд ја нагласи важноста на Халанд и Германците изразија желба да го задржат младиот напаѓач на “Сигнал Идуна Парк” уште една година. Сето ова се совпаѓа со шпекулациите за откупната клаузула на Норвежанецот од 75 милиони евра, која може да се активира само во лето 2022 година.
Сепак, останува да се види дали нестрпливиот италијански агент ќе отстапи од своите барања кон Борусија. Се верува дека Раиола им се заканил на “црвено-жолтите” со цел да се сложат на продажба на својот најценет адут уште ова лето.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski