
Иднината на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, наводно зависи од квалификациите на „старата дама“ во Лигата на шампионите. “Бјанконерите” ризикуваат да ја пропуштат Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи во моментов се наоѓаат на четвртото место на табелата со 66 бода, а исто толку имаат и Наполи и Милан.
Пет екипи се борат за три места кои водат во ЛШ, а италијански „Кориере дело Спорт“ објави дека пласманот во најпрестижното европско натпреварување може да ја одреди судбината на Дибала.
Аргентинецот имаше проблеми со КОВИД-19 и со неколку повреди оваа сезона, па дури неодамна се врати на теренот. Како резултат на тоа, двете страни сѐ уште немаат започнато преговори за нов договор, па италијанскиот тековен шампион може да биде принуден да го продаде Дибала ова лето за да избегне да го изгуби како слободен агент следната година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
