Connect with us

Брзината на Пулишиќ против магијата на Бензема: Реал Мадрид – Челси 1-1 на полувреме (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Челси играат 1-1 по првото полувреме на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Челси почна фуриозно, Пулишиќ и Вернер делуваа пребрзо за стоперското трио на „кралевите“, а тоа англискиот тим го искористи во 14.минута.

Кристијан Пулишиќ побегна, излезе сам пред Тибо Куртоа кој му појде во пресрет, а крилниот напаѓач го заобиколи и успеа да погоди од десетина метри.

Реал Мадрид делуваше загубено се додека Карим Бензема не ја презеде одговорноста. Во 23.минута го погоди дирекот со шут од 20 метри, а шест минути подоцна изведе магија, ја смири топката со глава и со полуволеј ја затресе мрежата на Менди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови