Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Феде Валверде, се враќа во тимот на Реал Мадрид откако доби два негативни теста на Ковид-19. Тој досега беше во изолација, прво поради контакт со заболен од коронавирус, а потоа и самиот заболе од Ковид-19. Но, успеа брзо да се опорави и да го победи вирусот, па ќе биде големо засилување за составот на „кралевите“ во финишот на сезоната.
Валверде е стандарден првотимец во тимот на Зинедин Зидан во средниот ред, а по потреба ја пополнуваше дупката и на десната странична позиција.
Реал Мадрид утревечер го пречекува Челси во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













