Клубовите од Серија А бараат да биде изречена казна за Јувентус, Милан и за Интер поради учеството во Суперлигата. 11 клубови од Серија А потпишале писмо со барање за преземање мерки против овие три клуба, објавија италијанските медиуми. Писмото содржи и повик за итен состанок на раководството на Серија А за да се дискутираат можните санкции.
Барањето за санкции го потпишаа Рома, Торино, Болоња, Џенова, Сампдорија, Сасуоло, Специја, Беневенто, Кротоне, Парма и Калјари.
Од вкупно 20 учесници во Серија А, покрај трите засегнати клуба, писмото не го потпишаа Наполи, Лацио, Удинезе, Фиорентина, Аталанта и Верона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













