Силекс оствари важна победа (3-2) над Академија Пандев во воведниот натпревар од 29.коло во Првата фудбалска лига. На дуелот во Кратово, избраниците на Горан Симов брзо стигнаа до водство од 2-0, постигнаа и трет гол во второто полувреме, но потоа како премногу да се опуштија и стравуваа за трите бода до самиот крај.
Резултатот го отвори Пепи Ѓоргиев со голот во 16.минута, откако во петерецот одлично реагираше по уфрлувањето од десната страна. Само шест минути подоцна, Давид Манасиевски зголеми на 2-0, со прецизен удар од десетина метри.

Марио Крстовски и Марјан Радески имаа шанси во првиот дел кои не ги реализираа, а во 76.минута Пепи Ѓоргиев зголеми на 3-0. Украде топка од Андреј Стојчевски, излезе сам пред голманот Марко Јовановски и ја затресе мрежата.
По убедливото водство, кратовци како да помислија дека се е завршено. Во следниот напад, Крстовски беше фаулиран во шеснаесетникот, беше досуден пенал за Академија Пандев, а успешен реализатор беше Марјан Радески во 77.минута. Шест минути подоцна Бојан Димоски намали на 3-2 и повторно се врати неизвесноста во мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













