Фудбалскиот прволигаш Работнички го одреди терминот за стартот на зимските подготовки. Првиот собир на фудбалерите во пресрет на вториот дел од сезоната ќе биде напладне, на 8. јануари. Првата фаза од подготовките Работнички ќе ја реализира во клупската база во Скопје, а потоа е планирано заминување на подготовки во Охрид.
Раководството на клубот е во завршна фаза од преговорите за именување нов шеф на стручниот штаб кој ќе добие доверба да го предводи тимот на Работнички во пролетниот дел од сезоната. Истовремено, се работи и на доведување на неколку засилувања во тимот.
По есенскиот дел од шампионатот, Работнички се наоѓа на седмата позиција на табелата во Првата лига со 24 освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













