Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ремизираше (1-1) против соодветната селекција на Црна Гора на првиот пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Во интересен натпревар, двете селекции прикажаа отворена игра и допадлива фудбал.
Црногорците на почетокот од мечот ја искористија несигурноста во македонската одбрана и преку Никола Медојевиќ поведоа со 0-1. Во продолжението од првиот дел Македонија ги консолидираше редовите, го притисна противникот и успеа да израмни. Стрелец на голот за Македонија беше Мартин Ѓоргиевски во 41.минута.
Во второто полувреме и двете репрезентации пропуштија по неколку добри шанси за триумф. Најубавата можност за Македонија ја имаше Марко Стојилевски. Во 55.минута , Црна Гора не успеа да реализира удар од белата точка.
Вториот контролен натпревар против истиот противник, младата репрезентација на Македонија ќе го одигра на 22 април ( четврток ) со почеток од 11 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













