
Македонија е дел од Европското првенство, а успеа да направи сензација и по цели 20 години и нанесе пораз на Германија на домашен терен во квалификациите за СП 2022 во Катар. Селекторот Игор Ангеловски бележи големи успеси со македонскиот национален тим кои секако не остануваат незабележани во Европа.
Тој за италијанските медиуми истакна дека најголемите заслуги одат за фудбалерите, потенцираше дека овој успех не би бил можен доколку Горан Пандев не се вратеше во националниот тим, а следниот селектор ќе треба да му заблагодари затоа што Ангеловски состави компактен.
„Не знам до кога ќе бидам селектор, но мојот наследник ќе треба да ми се заблагодари, ќе му оставам компактен тим. Кога ја презедов Македонија, селекцијата беше на 166.место на листата на ФИФА. За шест години се искачивме дури 108 позиции погоре. Преземав еден мозаик, требаше да се нареди. Морав да го сменам менталитетот на младите луѓе од сите националности. Направивме голем успех со пласманот на Европското првенство, тоа засекогаш ќе остане во нашата историја, исто како и победата над Германија. Головите на Пандев и на Елмас против Германците никогаш нема да ги заборавам. Паметам дека имав премногу пораки и честитки, а јас сакав само да се слушнам со сопругата која имаше ковид“, изјави Ангеловски за италијанските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal