Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ одлучил да не ја земе платата за март затоа што не бил во можност да настапува во дресот на Милан поради повреда. Тој го донирал месечниот приход во фондацијата на Милан и ќе биде употребена во хуманитарни цели.
„Ова е голем гест на Марио Манџукиќ кој само ја покажува неговата величина како човек и како врвен професионалец. Сакаме да заблагодариме во име на фондацијата на Милан, овие средства секако ќе бидат употребени како помош за млади луѓе на кои им е потребна поддршка и социјална инклузија“, изјави Паоло Сцарони, директорот на Милан Фондација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













