Македонија ЃП со триумфот (2-1) над Борец ја зголеми предноста над конкурентите за третото место, Струга Трим Лум и Работнички, а се доближи и до второпласираниот тим на Шкупи на само два бода. Целта на „лавовите“ е да изборат пласман на европска сцена откако не успеаја да влезат во финалето на Купот.
Тренерот Жикица Тасевски е задоволен од победата над Борец, а знае дека сега следат двата клучни натпревари за тимот во битката за третата позиција. Ѓорчепетровци во претстојното коло му гостуваат на Работнички, а потоа ќе ја пречекаат и Струга Трим Лум на домашен терен.
„Среќни сме што го победивме Борец затоа што се зацврстивме бодовно на третото место. Но, сега следат најважните битки и ние мораме да покажеме контиунитет. Играме променливо пролетва, на дел од натпреварите не го прикажавме тоа што се очекува од нас, но имавме и блесоци и добри игри. Сега ни е потребен континуитет, да одиграме најдобро на наредните два натпревари. Му гостуваме на Работнички, а потоа играме дома против Струга Трим Лум. Тоа се клучните два меча за излез во Европа, ако тука издржиме, ќе бидеме блиску до целта“, вели Жикица Тасевски за МАКФУДБАЛ.
„Лавовите“ се надеваат на позитивен резултат против Работнички, кој игра одлично во пролетниот дел од шампионатот.
„Работнички игра одлично, ќе мораме да го извлечеме најдоброто од себе ако сакаме да оствариме позитивен резултат“, порачува шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski