Агентот на Жоргињо потврди дека играчот за врска на Челси би сакал да се врати во Италија. Италијанскиот репрезентативец признал дека му недостасува фудбалот во Серија А, а особено Наполи, иако во последно време е поврзуван со клубови како Јувентус и Рома.
“Жоргињо би сакал да се врати во Италија и има желба повторно да заигра во Серија А”, изјави агентот Жоао Сантош во интервју за италијанско радио. “Како што стојат работите денес, неговата цена е 50 милиони евра и тој има доста висока плата во Лондон. Малку е веројатно дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис би потрошил толку многу.
“Во трка за него е и Јувентус, но “бјанконерите” веќе го имаат Артур. Милан и Интер се, исто така, заинтересирани за Жоргињо”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













