Има добра причина зошто дефанзивците многу често добиваат инструкции да не му подаваат на својот голман, а денес го видовме совршениот пример за тоа.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, спаси срамен автогол на Лукас Васкез додека „кралскиот клуб” сѐ уште беше во водство само со 1-0. Ситуацијата навидум не изгледаше како опасна, но сепак, благодарение на ветерот, топката доби дополнително забрзување и друг правец,.. Како резултат на тоа, Белгиецот мораше да интервенира речиси на гол-линијата од неговиот гол.
„Васкез за малку ќе стрелаше во својата мрежа затоа што топката зафати премногу големо забрзување, но за среќа, реагирав брзо и направив одлична одбрана”, кажа 28-годишниот голман по натпреварот кој неговиот тим го доби со конечен резултат од 2-0.
Thibaut Courtois goal line tackle vs Eibar from r/soccer
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













