Во средата, Тимо Вернер ни приреди прекрасен подарок, па благодарение на неговото неверојатно промашување, Македонија ја победи моќната Германија со 2-1. Илкај Гундоган го пронајде напаѓачот на Челси кој беше потполно сам во шеснаесетникот, и иако изгледаше потешко да се промаши отколку да се погоди, Вернер го стори токму тоа.
Оттогаш се верува дека тоа е најголемото промашување во 2021. Сепак, беа потребни само два дена за некој да го надмине несреќниот обид на Германецот. На сцена стапи Лукас Жоао од Рединг.
Откако неговиот соиграч умешно се провлече зад чуварот на мрежата на Барнсли и ја освои топката, Жоао имаше потполно празен гол пред него, по што 27-годишниот напаѓач се одлучи за шут. Но, топката неславно заврши надвор од рамките од голот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













