Наполи нема во план да го откупи договорот на Тиму Бакајоко и поради тоа, играчот од средниот ред ќе се врати во Челси на крајот на сезоната.
Бакајоко се приклучи на тимот од Неапол во октомври како позајмен фудбалер од страна на “сините”. Познато, Наполи нема опција да го купи фудбалерот, но секогаш може да преговара со неговиот клуб околу можен трансфер.
Сепак, според италијанските медиуми, Џенаро Гатузо и раководството на Наполи не се подготвени да разговараат за преселба на 26-годишниот фудбалер на стадионот “Диего Марадона“. Така, Бакајоко ќе се врати во Челси по третпат, откако претходно ни Монако, ниту Милан одбија да го задржат во нивните редови за претстојните сезони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













