Александар Трајковски доби шанса да биде стартер на мечот против Лихтенштајн и ја искористи на најдобар можен начин. Постигна два гола, одигра одличен натпревар и заслужено се најде во тимот на колото, според „Sofascore“, за втората рунда од квалификациите за СП 2022 во Катар.
Трајковски погоди двапати во период од три минути на стартот на вториот дел и практично ги разреши сите дилеми околу победникот, најавувајќи и голеада во мрежата на Лихтенштајн. Тој го надмина Ѓорѓи Христов на вечната листа на најдобри стрелци во историјата на македонскиот национален тим и сега се наоѓа на второто место зад Горан Пандев.
Македонскиот репрезентативец има четврта најдобра оценка во тимот на најдобрите 11.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













