Белгискиот интернационалец Еден Азар оди на трансфер – листа во Реал Мадрид. Тој постојано е повреден, во него беа вложени 150 милиони евра, а клубот одлучи да го продаде трипати поевтино од вложената сума.
Раководството на „кралскиот клуб“ размислува дека со продажбата ќе ги скрати трошоците и за неговата голема плата, а ќе може да донесе и нов фудбалер, напаѓач кој ќе биде поддршка за Карим Бензема во нападот.
Азар дојде како голема ѕвезда од Челси, но одигра само 36 натпревари, постигна четири гола и забележа четири асистенции и остана должен кон фановите на Реал Мадрид. Очигледно дека „кралевите“ немаат веќе намера да го чекаат да се врати во старата добра форма.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski